Годишно Собрание на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија


На 14 април 2025 година во 13 часот во просториите на МАНУ се одржа годишното Собрание на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија на кое беше избрано ново раководство на Здружението.
За Претседател на Здружението е избрана проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
За Потпретседател на Здружението е избран проф. д-р Бобан Мисоски, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а за Секретар на Здружението - Софија Јовановиќ.
Беа избрани девет членови на Извршниот одбор на Здружението, и тоа, академик проф. д-р Владо Камбовски, Македонска академија на науките и уметностите, проф. д-р Гордана Лажетиќ, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (претседател), проф. д-р Александра Деаноска Трендафилова, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Ангелина Станојоска, редовен професор на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, д-р Габриела Гајдова, судија на Апелационен суд Скопје, Даниела Димовска, судија во Основен кривичен суд Скопје, доц. д-р Елена Мујоска Трпевска, советник во Македонска академија на науките и уметностите и Дељо Кадиев, адвокат од Скопје.
За членови на Надзорниот одбор се избрани проф. д-р Никола Тупанчески – претседател, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Гордан Калајџиев, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Трпе Стојановски, МАРРИ, проф. д-р Лазар Нанев, судија, проф. д-р Дивна Илиќ Димоски, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Африм Османи, редовен професор на Правниот факултет при Универзитетот во Тетово, д-р Лидија Раичевиќ Вучкова, јавен обвинител во ОЈО Скопје, проф. д-р Олга Кошевалиска, професор на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и доц. д-р Елена Максимовска, доцент на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
За главен и одговорен уредник на Ревијата е избран академик проф. д-р Владо Камбовски, а за Секретар на Ревијата - доц. д-р Елена Мујоска Трпевска. За членови на издавачкиот совет на Ревијата се избрани: Акад. Владо Камбовски, проф. д-р Методија Каневчев, проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Никола Тупанчески, проф. д-р Гордана Лажетиќ, проф. д-р Александра Груевска – Дракулевски, проф. д-р Александра Деаноска Трендафилова, проф. д-р Бобан Мисоски, проф. д-р Дивна Илиќ Димоски, проф. д-р Беса Арифи, проф. д-р Олга Кошевалиска, професор на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и доц. д-р Елена Максимовска, доцент на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
.
Исто така, беше донесена одлука за формирање на стручни комисии за: казнено право, казнено процесно право, криминологија, пенологија, виктимологија, малолетничко казнено право, полициско право, медицинско казнено право и прекршочно право, во кои согласно потесната експертиза ќе се вклучат сите членови на Здружението.