Здружението за кривично право и криминологија на Македонија е невладина, непартиска и непрофитна организација формирана со слободно здружување на теоретичари и практичари вработени на правните факултети во државата и странство, Факултет за безбедност, Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, во Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ и други сродни научни и научно истражувачки институции, судовите, јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители, Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи, Адвокатската комора, Народен правобранител, како и на лица, кои слободно и доброволно се здружиле за да работат на унапредување на теоријата и практиката од областа на казненото право и криминологијата.

За нас

За здружението

Здружението за кривично право и криминологија на Македонија е невладина, непрофитна и професионална организација, чии членови се еминентни личности од академската, правната и судската сфера.

Објавени публикации

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Здружението е невладина, непрофитна организација која своите права, должности и одговорности ги остварува согласно со Уставот, законите и Статутот

Казнено право

Унапредување на теоријата и практиката од областа на казненото право и криминологијата.

Реформи

Здружението поттикнува реформи во доменот на правосудството.

Списание

Издава свое списание и по потреба разни други видови публикации.

Соработка

Соработка со други здруженија во земјава и странство.

Станете наш член

Последни Новости

14 апр 2025

Годишно Собрание на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија

На 14 април 2025 година во 13 часот во просториите на МАНУ се одржа Годишното собрание на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија.

21 дек 2024

IN MEMORIAM Проф. д-р Љупчо Арнаудовски (16.03.1931-21.12.2024)

На 21.12.2024 година почина проф. д-р Љупчо Арнаудовски, долгогодишен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, драг и почитуван професор, колега, извонреден предавач и педагог, инспиративен наставник и неуморен истражувач.

09 фев 2024

Стручна расправа за Предложените измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки во контекст на казненото законодавство

На стручната расправа се дискутираше во однос на ефектите и импликациите од предложените измени. Учество земаа претставници од академската заедница, МВР, Управата за финансиско разузнавање, Управата за финансиска полиција, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, судии и адвокати.

Македонска ревија за казнено право и криминологија

Најнови публикации

Изработката на оваа веб-страница е поддржана од:

Copyright © All rights reserved | By UNET