Новости

21 дек 2024

IN MEMORIAM Проф. д-р Љупчо Арнаудовски (16.03.1931-21.12.2024)

На 21.12.2024 година почина проф. д-р Љупчо Арнаудовски, долгогодишен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, драг и почитуван професор, колега, извонреден предавач и педагог, инспиративен наставник и неуморен истражувач.

09 фев 2024

Стручна расправа за Предложените измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки во контекст на казненото законодавство

На стручната расправа се дискутираше во однос на ефектите и импликациите од предложените измени. Учество земаа претставници од академската заедница, МВР, Управата за финансиско разузнавање, Управата за финансиска полиција, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, судии и адвокати.

04 дек 2023

Конференција за примената на Закон за кривичната постапка: 10 години предности и предизвици

На 4 и 5 декември се одржа Конференција по повод 10 години од примената на ЗКП со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и на Амбасадата на САД во Северна Македонија. Конференцијата беше во организација на ЗКПКМ заедно со Здружението на судиите и Здружението на јавните обвинители.

31 окт 2023

ГЛОБАЛЕН САМИТ ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ПРАВОСУДСТВОТО – ОХРИД 2023

Темата на Глобалниот Самит беше Зајакнување на правосудството - Современи текови во дигитализација на Правосудството во ЕУ, Поглавје 23

20 јул 2023

ВЕШТАЧЕЊЕТО ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА - ПРИРАЧНИК ЗА ПРАКТИЧАРИ

Здружението за кривично право и криминологија на Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје подготви прирачник за практичари во однос на Вештачењето во кривичната постапка.

25 апр 2023

Стручна расправа на тема ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА ЖАЛБЕНА ПОСТАПКА И РЕДОВНИТЕ ПРАВНИ ЛЕКОВИ

Во организација на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, Амбасадата на САД во Скопје, Центарот за стратегиски истражувања (ЦСИ) при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ – Скопје, на 25 април 2022 година (вторник) во х. Хилтон во Скопје организираа еднодневна стручна расправа на тема „Примена на Законот за кривичната постапка, во делот на жалбената постапка и редовните правни лекови“.

29 мар 2023

Избор на претседател, потпретседател и органи на ЗКПКМ и органи на МРКК

На седница на Собранието на ЗКПКМ беа избрани орграни на ЗКПКМ и на МРКК.

31 мај 2022

Опремени пет дигитални судници со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Во Основните судови во Кавадарци, Штип, Струмица, Основниот граѓански суд Скопје и Основниот кривичен суд Скопје е опремена по една дигитална судница.

12 апр 2022

IN MEMORIAM

По кратко боледување на 12.4.2022 г. почина Јован Трпеноски, човекот кој остави белег во македонското правосудство. Важеше за извонреден стручњак во областа на правото, а долги години беше претседател на Здружението за кривично право и криминологија (1983-1992).

11 апр 2022

Учество на Стручна расправа за Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за правда за децата

На 11 април 2022 во просториите на Министерството за правда на РСМ беше одржана стручна расправа за Предлог-Законот за правда за децата како хибриден настан.

08 апр 2022

Одржана стручна расправа: ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КРИВИЧНИТЕ ПОСТАПКИ - ПРИЧИНИ, ПРЕДИЗВИЦИ И СОЛУЦИИ

Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, Министерството за правда на Република Северна Македонија и Амбасадата на САД во Скопје, со поддршка на Академијата за судии и јавни обвинители, организираа еднодневна стручна расправа на тема: Времетраењето на кривичните постапки – причини, предизвици и солуции.

02 мар 2022

Опремена првата дигитална судница во ОС Кавадарци

Започна процесот на опремување на дигиталните судници во петте пилот судови со поддршка на ОБСЕ, а во координација на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија.

15 ное 2021

Упатство за издавање електронско Уверение од казнена евиденција за физички лица

Советот за ИКТ во правосудните органи при Министерството за правда изработи Упатствоо за издавање електронско Уверение од казнена евиденција за физички лица.

19 окт 2021

Опремување на судници во пет пилот судови

Во соработка со Мисијата на ОБСЕ, Здружението за кривично право и криминологија во периодот април - октомври беше вклучено во Проект за набавка на опрема за судници во пет пилот судови. Оваа активност е дел од Оперативниот план за дигитализација на судовите усвоен од Владата на Република Северна Македонија.

15 јул 2021

Одржана презентација на Правните анализи за спогодувањето за кривична санкција и правното средство за судење во разумен рок

На 13 јули 2021 година беа презентирани Правните анализи за спогодувањето за кривична санкција и правното средство за судење во разумен рок

13 јул 2021

Презентација на Анализата за примената на спогодувањето и правното средство за судење во разумен рок, 13 јули во 10 часот

На 13 јули со почеток во 10 часот преку платформата ZOOM for Government ќе биде презентирана Анализата за примена на спогодувањето и правното средство за судење во разумен рок поддржана од Амбасадата на САД во Скопје.

18 фев 2021

Пренос во живо: 19.02.2021, 10:30 CET - Криминалитетот, жртвите и нивните права: што можат земјите на ЕУ да направат за да ги зајакнат правата на жртвите?

Криминалитетот, жртвите и нивните права: што можат земјите на ЕУ да направат за да ги зајакнат правата на жртвите?

15 фев 2021

Анализа за употребата на напредни електронски алатки во судството

Објавена Анализата за употребата на напредните електронски алатки во судството

12 фев 2021

Дигитализација на правдата во Европската унија - Алатка за можности

Дигитализација на правдата во Европската унија и Предлог за регулација на е-КОДЕКС

04 фев 2021

Презентација на Анализата за употребата на напредни електронски алатки во судството

Презентацијата ќе се одржи преку платформата ЗООМ на мисијата на ОБСЕ, на 10.02.2021 година (среда) во периодот од 13 до 15 часот.

11 дек 2020

Конференција „Онлајн судењата во време на пандемјата на КОВИД-19: легислативни и информатички пречки и предизвици“

Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, со поддршка на Американската амбасада во Република Северна Македонија и на Министерството за правда на РСМ и во соработка со CEELI Институтот од Прага и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, на 11 декември 2020 година одржа виртуелна конференција на тема „Онлајн судењата во време на пандемјата на КОВИД-19: легислативни и информатички пречки и предизвици“.

27 јул 2020

Здружението за кривично право и криминологија на Македонија дел од партнерите во проект посветен на Превенција на детско престапништво

Македонското пенолошко друштво, заедно со партнерски организации, меѓу кои и Здружението за кривично право и криминологија, доби Акциски грант од програмата Цивика Мобилитас.

15 јун 2020

Практични и етички упатства за употреба на судиите од социјалните медиуми: Да објавувате или не?

Одржана online работилница со поддршка на Американската амбасада во Скопје со следнава агенда

22 мај 2020

Практични упатства за користење социјални медиуми од страна на судиите: Централна и Источна Европа

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, во соработка со CEELI Институтот од Прага, го подготвија објавувањето на македонски јазик на документот: „Практични упатства за користење социјални медиуми од страна на судиите: Централна и Источна Европа“. Во тимот што го подготвуваше преводот и техничкото подготвување на документот беа вклучени: проф. д-р Наташа Габер – Дамјановска, Директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, проф. д-р Гордана Лажетиќ, Претседателка на Здружението за кривично право и криминлогија на Македонија, вон. проф. д-р Лазар Нанев, Претседател на Основен суд Кавадарци и Лидија Неделкова, Судија на Врховниот суд на РСМ.

11 фев 2020

проф. д-р Трпе Стојановски номиниран за надворешен член во Нaроден правобранител – механизам за граѓанска контрола

Здружението за кривично право и криминологија на Македонија го номинираше проф. д-р Трпе Стојановски за надворешен член во Народен правобранител - механизам за граѓанска контрола.

04 фев 2020

Здружението за кривично право и криминологија на Македонија стана дел од Правничката истражувачка мрежа – ПИМ

На 04.02.2020 година беше основана Правничката истражувачка мрежа – ПИМ во којашто учествувааат четири граѓански организации: Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, Советот за превентива против малолетничката деликвенција, Македонското пенолошко друштво и Здружението за правно образование и унапредување на правната наука и практика ЈУС ЕТ ЈУВЕНТУС.

23 дек 2019

Здружението за кривично право и криминологија на Македонија стана дел од Народен правобранител - механизам за граѓанска контрола

Со одлука на Собранието на Република Северна Македонија, Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, заедно со уште две граѓански организации, стана дел од Народен правобранител - механизам за граѓанска контрола.

16 дек 2019

Членство во Советодавна група

Здружението за кривично право и криминологија е дел од Советодавната група во рамките на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ што го имплементираат Институтот за човекови права и Центарот за правни истражувања и анализи во соработка со Здружението на судии и Здружението на судска администрација.

06 дек 2019

Улогата на правните професии во отварањето на Поглавјата 23 и 24 од Европското acquis

Здружението за кривично право и криминологија на Македонија одржа стручна расправа на којашто се дискутираше за улогата на правните професии во процесот на отварање на Поглавјата 23 и 24 од Европското acquis, што не' очекува како предизвик, интер-ресорска соработка во овој сегмент, како и идентификување на областите/активностите каде што ќе биде потребна заедничка експертиза.

26 ное 2019

Работилница на тема: Искуствата и практични аспекти на финансиските истраги и примената на мерката конфискација на имот и имотна корист

Eднодневна работилиница посветена на Искуствата и практични аспекти на финансиските истраги и примената на мерката конфискација на имот и имотна корист.

16 окт 2019

Акад. Владо Камбовски прогласен за Почесен претседател на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија

На состанокот на Извршниот одбор на Здружението, одржан на 16.10.2019 година беше донесена одлука Акад. Владо Камбовски, да биде прогласен за Почесен претседател на Здружението во знак на признание за неговото долгогодшно залагање и посветеност за промоција и поддршка за успешно остварување на целите на Здружението.

16 сеп 2019

Членство во Мрежата на академски здруженија посветени на проучување на европското кривично право - и заштита на финансиските интереси на ЕУ (OLAF FMB PIF NETWORK)

На состанокот на Мрежата што е поддржана од OLAF во Брисел, во септември 2019 година, Здружението за кривично право и криминологија на Македонија стана единствена членка на Мрежата од држава што не е членка на ЕУ. Мрежата е препознатлива и по списанието што го издава - Еucrim journal (https://eucrim.eu/)

11 мар 2017

ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА ЗА ДОКАЗИТЕ И ДОКАЖУВАЊЕТО ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, во соработка со Центарот за стратешки истражување при МАНУ и Амбасадата на САД во Република Македонија на 10.03.2017 година во х. Арка – Скопје,

31 јан 2017

Ново издание

Уредувачкиот одбор на Македонската ревија за казнено право и криинологија, ги заврши сите рецензии и дополнителни подготовки на доставени трудови за објава во новиот број од Ревијата бр.1/2017 година

29 дек 2016

Научна и стручна расправа

Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, во соработка со Центарот за стратешки истражувања на МАНУ и Амбасадата на САД во Република Македонија ќе организираат научна и стручна расправа

25 ное 2016

Годишно советување 2016 година

Здружението за кривично право и криминологија на Македонија (ЗКПКМ) во соработка со Здружение на судии на Република Македонија (ЗСРМ) и IRZ – Германската фондација за меѓународна правна соработка, на 23.11.2016 година во хотел Арка, Скопје одржаа научна и стручна расправа на тема „Судско одмерување на казните и практична примена на алтернативните мерки во македонското законодавство“.

Изработката на оваа веб-страница е поддржана од:

Copyright © All rights reserved | By UNET