Придобивките од 4-та индустриска револуција како механизам за враќање на довербата во правосудството
Министерството за правда на Република Северна Македонија на иницијатива на Советот за координрање на информатичко-комуникациска технологија (ИКТ) во правосудните органи, а под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски, организираше Европски самит за дигитализација на судството - Охрид 2022, на тема: Придобивките од 4та индустриска револуција како механизам за враќање на довербата во правосудството. Самитот се одржа со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје согласно следнава агенда.
Во организацијата на Самитот учествуваше Зружението за кривично право и криминологија на Македонија.
Самитот се одржа во периодот од 12 до 14 јуни 2022 година во хотел „Инекс Олгица“ во Охрид.
На Самитот учество земаа повеќе од 150 учесници, близу 50 панелисти, а со свои обраќања учествуваше комесарот за ЕУ за проширување, вице-премиерот за европски прашања во Владата на Северна Македонија, ополномоштени амбасадори во Северна Македонија, министри за правда и нивни заменици од регионот, претставници од судство и обвинителство од државата и од странство.