ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ТРУДОВИ за објавување во Македонската ревија за казнено право и криминологија

 ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА КРИВИЧНО ПРАВО И КРИМИНОЛОГИЈА НА МАКЕДОНИЈА, објавува 

 
ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ТРУДОВИ
за објавување во Македонската ревија за казнено право и криминологија 
 
Извршниот одбор на Здружението за кривично право и криминологија, како теми за овој број од МРКК ги определи:
1. Казнено право
2. Казнено процесно право 
3. Криминологија
4. Пенологија
5. Малолетничко казнено право
6. Социјална патологија
7. Виктмологија
8. Прикази
 
Упатство за авторите:
- Трудовите треба да бидат доставени во електронска форма, во Word (DOC или DOCX) формат, на електронската адреса на Ревијата (revijazkpkm@yahoo.com); 
- Само трудовите напишани на македонски или на англиски јазик ќе бидат земени предвид;
- Трудот треба да содржи апстракт до 200 зборови, 5 (пет) клучни зборови и кратка биографија на авторот/авторите во првата фуснота од трудот. Апстрактот и клучните зборови треба да бидат наведени на македонски и на англиски јазик;
- Текстот треба да биде напишан со фонт Times New Roman, големина 12, со проред 1,5 и обем од најмногу 16 страници;
- Фуснотите во текстот треба да бидат напишани со фонт Times New Roman, големина 10;
- Авторите се должни да обезбедат лектура на трудовите и, заедно со финалната верзија на трудот, да достават потврда за извршена лектура.
 
Постапка за уредување и објавување
- Крајниот рок за доставување на трудовите е 15 ноември 2026 година. Со посебна благодарност ќе бидат примени трудовите доставени пред крајниот рок.
- Пред конечното објавување, сите трудови ќе бидат оценувани од Уредувачкиот одбор на Македонската ревија за казнено право и криминологија. Напоменуваме дека на 22.01.2015 година Здружението за кривично право и криминологија на Македонија го воведе системот на анонимна рецензија (Blind Peer Review System) за евалуација на сите трудови предложени за објавување во Ревијата.
Македонската ревија за кривично право и криминологија е достапна и на HeinOnline. 
 
 

Изработката на оваа веб-страница е поддржана од:

Copyright © All rights reserved | By UNET