Опремена првата дигитална судница во ОС Кавадарци

 

 На 2 март 2022 година во ОС Кавадарци свечено беше одбележано отворање на судницата во којашто е инсталирана најсовремената дигитална опрема  обезбедена од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Целиот процес беше координиран од Здружението за кривично право и криминологија на Македонија. На отворањето согласно агендата се обрати Министерот за правда на Република Северна Македонија, проф. д-р Никола Тупанчески, Н.Е. Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ, Клеменс Која и Претседателот на ОС Кавадарци, Проф. д-р Лазар Нанев. Опремувањето на судницата е дел од проектот што го координира Здружението за кривично право и криминологија на Македонија. Во рамките на проектот со истата опрема ќе бидат опремени по една судница и во Основниот кривичен суд Скопје, Основниот граѓански суд Скопје, ОС Струмица и ОС Штип. Опремата дава електронски и технички можности за одвивање на судења на далечина, презентирање на докази во дигитална форма, покриеност на судницата со четири камери, озвучување и опрема за аудио-визуелно снимање на судењата, монитори за следење на текот на судењата и за учесниците во постапката и за јавноста. 

Изработката на оваа веб-страница е поддржана од:

Copyright © All rights reserved | By UNET