проф. д-р Трпе Стојановски номиниран за надворешен член во Нaроден правобранител – механизам за граѓанска контрола
Согласно член 11-д од Законот за народниот правобранител („Службен весник на Република Македонија„ бр. 60/2003, 114/2009, 181/16 и 35/18), како и Одлуката за избор на здруженија од областа на човековите права, полициското право и правосудството на Народниот правобранител – механизам за граѓанска контрола, бр. 08-6985/1 од 23 декември, 2019 година, Здружението го номинира проф. д-р. Трпе Стојановски за надворешен член во НП – механизам за граѓанска контрола.
Професор д-р. Стојановски учествуваше во осмислувањето и создавањето на моделот за надворешна контрола над полицијата во изминатите години. Тој има големо практично и научно искуство од работата на полицијат. Учествувал на бројни научни и стручни конференции во земјата и во странство и напишал четири книги и повеќе научни и стручни трудови за полицијата, вклучително и за внатрешната и надворешната контрола над полицијата.
Здружението за кривично право и криминологија на Македонија е уверено дека проф. д-р. Стојановски ќе даде значителен придонесе во јакнење на работата на новоформираното тело за надворешна контрола на полицијата во состав на Народниот правобранител.