Повик за доставување трудови за објавување во Ревијата за кривично право и криминологија
Почитувани,
Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, објавува
ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ТРУДОВИ
за објавување во Македонската ревија за казнено право и криминологија
Извршниот одбор на Здружението за кривично право и криминологија, како теми за овој број од МРКК ги определи:
1. Казнено право
2. Казнено процесно право
3. Криминологија
4. Пенологија
5. Малолетничко казнено право
6. Социјална патологија
7. Виктимологија
8. Прикази
Упатство за авторите:
- Трудовите мора да бидат испратени во електронска форма во Word (Doc или Docx) формат на електронската адреса на Ревијата (revijazkpkm@yahoo.com);
- Само трудовите напишани на македонски или англиски јазик ќе бидат земени во предвид;
- Трудот мора да содржи aпстракт од 200 зборови, 5(пет) клучни збора и кратка биографија за авторот/те во првата фуснота од трудот, напишани на македонски и на англиски јазик;
- Текстот мора да биде напишан во фонт: Times New Roman, со големина на букви – 12 и проред од 1.5, обем од најмногу 16 страници;
- Фуснотите во текстот мора да бидат напишани во фонт Times New Roman, со големина на
букви – 10;
Постапка на уредување и објавување
- Крајниот рок за испраќање на трудови е 10 ноември 2022 година. Со посебна благодарност ќе бидат примени трудовите предадени пред крајниот рок.
- Пред конечно објавување, сите трудови ќе бидат оценувани од Уредувачкиот одбор на Македонската ревија за казнено право и криминологија. Напоменуваме дека на 22.01.2015 година, Здружението за кривично право и криминологија на Македонија го воведе Blind Peer Review System за евалуација на сите трудови за објавување во Ревијата.
Македонската ревија за кривично право и криминологија е достапна и на HeinOnline.
Претседател на ЗКПКМ
Проф. д-р Гордана Лажетиќ
(Своерачен потпис и печат)