ВЕШТАЧЕЊЕТО ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА - ПРИРАЧНИК ЗА ПРАКТИЧАРИ
Здружението за кривично право и криминологија на Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје подготви прирачник за практичари во однос на Вештачењето во кривичната постапка.
Автори на Прирачникот се проф. д-р Гордана Лажетиќ, м-р Габриела Гајдова, судија, Сашо Рајчев јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Александар Гоџо, адвокат и Ана Новакова-Жикова, Национален офицер за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Во Прирачникот за практичари се анализира вештачењето како доказно средство во правната теорија, ставовите на ЕСЧП во однос на вештачењето, соодносот на Законот за вештачење и ЗКП, определени практични дилеми и тековни законски измени, сумарен компаративен преглед, како и осврт врз примери од практиката за нејасни и неквалитетни мислења, стандарди за правилно изготвување наод и мислење и два анекси во кои се поместени примери за наредби за вештачење од јавен обвинител и од суд.