ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА ЗА ДОКАЗИТЕ И ДОКАЖУВАЊЕТО ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

Почитувани,

Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, во соработка со Центарот за стратешки истражување при МАНУ и Амбасадата на САД во Република Македонија на 10.03.2017 година во х. Арка – Скопје, одржаа научно-стручна расправа на тема „Отворени прашања за доказите и докажувањето во кривичната постапка во РМ“.
Предметот за дискусија на научната расправа беше насочен кон неколку точки кои се издвојуваат според сериозноста и комплексноста, а меѓу нив:
1) Статусот на заштитените сведоци – разликувањето на загрозен и заштитен сведок во материјалниот закон што ја регулира материјата за заштита на сведоците наспроти одредбите во ЗКП со коишто се пропишува процесната положба и начинот на учество на заштитениот сведок во кривичната постапка.
2) Посебни истражни мерки – пропишани како начин за прибавување на доказите кои се применуваат во краен случај (ultima ratio)
3) Однос помеѓу класифицираните информации и недозволените докази –Анализа на корелацијата помеѓу она што е регулирано во Законот за класифицирани информации наспроти постапката за докажување според ЗКП
На научната расправа свое учество зедоа меѓународни и домашни практичари и експерти, кои имаат за цел да идентификуваат примери на добри практики како и да ги дискутираат другите судски примери од предметот на дискусијата. По кратките излагања на екпертите, по завршувањето на дискусијата беа донесени финалните заклучоци од расправата. Истите тие се предмет на дополнување од страна на учесниците од расправата. Заклучоците и кратките директи излагања на експертите ќе бидат објавени во посебен тематски број на Македонската ревија за казнено право и криминологија – официјалниот зборник на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија и ќе бидат дистрибуирани до сите целни групи од проектот за со цел подигнување на свеста кај експертската јавност во однос на овие прашања.
Краен рок за доста на предлози за дополнување на заклучоците на расправата е 17 март, 2017 година. Предлозите се доставуваат по електронски пат на zkpkrm@gmail.com , со наслов „Дополнување“.

Изработката на оваа веб-страница е поддржана од:

Copyright © All rights reserved | By UNET