Опремени пет дигитални судници со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
Со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, заврши проектот за опремување на вкупно пет судници со најсовремена дигитална опрема и опрема за аудио-визуелно снимање, LED телевзор 55”, LED Дисплеј, видео камери и звучници. По една судница е опремена во Основните судови во Кавадарци, Штип, Струмица, Основниот граѓански суд Скопје и Основниот кривичен суд Скопје.