Здружението за кривично право и криминологија на Македонија стана дел од Правничката истражувачка мрежа – ПИМ
Правничката истражувачка мрежа – ПИМ ја сочинуваат:
-
Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, Скопје (https://www.maclc.mk), Претседател: проф. д-р Гордана Лажетиќ,
-
Советот за превентива против малолетничката деликвенција, Кавадарци (https://www.sppmd.mk/), Претседател: проф. д-р Лазар Нанев, судија
-
Македонското пенолошко друштво, Скопје, (https://www.msp.mk/), Претседател: Д-р Елена Мујоска Трпевска,
-
Здружението за правно образование и унапредување на правната наука и практика ЈУС ЕТ ЈУВЕНТУС, Скопје (https://www.mojpravensovetnik.mk), Претседател: м-р Константин Битраков
Правничката истражувачка мрежа – ПИМ ќе биде посветена на изготвување анализи, истражувања и студии со примарен фокус врз владеењето на правото, во контекст на правните реформи и правната пракса, промовирање на принципот за пристап до правда за сите без дискриминација, преку едукација и вмрежување, а во духот на стандардите на Европската Унија и меѓународните стандарди.