IN MEMORIAM

По кратко боледување на 12.4.2022 г. почина Јован Трпеноски, човекот кој остави белег во македонското правосудство. Важеше за извонреден стручњак во областа на правото, а долги години беше претседател на Здружението за кривично право и криминологија (1983-1992).

 

Бил роден во Охрид (1935). Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1959), положил правосуден испит (1963) по што се вработил во Јавното обвинителство. Бил Општински јавен обвинител во Охрид (1969-1974), Окружен јавен обвинител во Скопје (1974-1984) и Јавен обвинител на Социјалистичка Република Македонија (1984-1989). Потоа  ја извршувал функцијата Републички секретар за внатрешни работи (1989-1991), па Заменик јавен обвинител на Република Северна Македонија (1991-1992), а до своето пензионирање во 2009 г. бил адвокат и основач на Адвокатската канцеларија-друштво ТРПЕНОСКИ.

Бил член на Анкетната комисија за човекови права при Собранието на Република Македонија (1998-2002) и член на Државната комисија за спречување на корупција (2002-2006) од кои една година и нејзин претседател.

До својата смрт останал неуморен борец за правна држава и за почитување на човековите слободи и права.

Изработката на оваа веб-страница е поддржана од:

Copyright © All rights reserved | By UNET