Членство во Советодавна група
Здружението за кривично право и криминологија е дел од Советодавна работна група заедно со претставници од други десет граѓански организации одбрани според нивните активности и придонес во областа на судството. Цел на проектот е зголемување на влијанието на здруженијата на граѓани и професионалните здруженија во судските реформи преку нивно заедничко вклучување во оценувањето на работењето на судството, како и ефективна соработка со сите чинители во судството. Главна задача на Советодавната работна група е континуирано следење на достигнувањата во судството, предлагање препораки и насоки за времена политика, како и остварување средби со сите засегнати страни, вклучително и државните институции и судските органи.
Повеќе за проектот на следниов линк: http://ihr.org.mk/project.php?pid=396