Презентација на Анализата за употребата на напредни електронски алатки во судството
Согласно агендата, на настанот воведни обраќања ќе имаат Амбасадорот Клеменс Која, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г–дин Бојан Маричиќ, Министер за правда на РСМ, проф. д-р Гордана Лажетиќ, Претседателка на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија и проф. д-р Наташа Габер - Дамјановска, Директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев„.
Осврт врз клучните резултати, заклучоци и препораки од изготвената Анализа ќе бидат презентирани од проф. д-р Лазар Нанев, Претседател на Основниот суд Кавадарци.