Учество на Стручна расправа за Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за правда за децата

 

Стручната расправа, согласно дневниот ред, ја отвори Министерот за правда на РСМ, проф. д-р Никола Тупанчески, по што обраќање имаше претседателот на работната група за изготвување на Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за правда за децата, Акад. Владо Камбовски и потпретседателката на работната група, проф. д-р Гордана Лажетиќ.

Текстот на Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за правда за децата е објавен на ЕНЕР.

На стручната расправа беше презентирана Анализа изготвена од страна на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и се разви плодна дискусија за следните активности со цел финализирање на текстот на законот, којшто е усогласен со релевантните ЕУ директиви и документи на Комитетот за правата на децата на ООН.

Дел од учениците учествуваа на стручната расправа преку Платформата ZOOM.

 

Изработката на оваа веб-страница е поддржана од:

Copyright © All rights reserved | By UNET