Здружението за кривично право и криминологија на Македонија е невладина, непартиска и непрофитна организација формирана со слободно здружување на теоретичари и практичари вработени на правните факултети во државата и странство, Факултет за безбедност, Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, во Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ и други сродни научни и научно истражувачки институции, судовите, јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители, Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи, Адвокатската комора, Народен правобранител, како и на лица, кои слободно и доброволно се здружиле за да работат на унапредување на теоријата и практиката од областа на казненото право и криминологијата.

За нас

За здружението

Здружението за кривично право и криминологија на Македонија е невладина, непрофитна и професионална организација, чии членови се еминентни личности од академската, правната и судската сфера.

Објавени публикации

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Здружението е невладина, непрофитна организација која своите права, должности и одговорности ги остварува согласно со Уставот, законите и Статутот

Казнено право

Унапредување на теоријата и практиката од областа на казненото право и криминологијата.

Реформи

Здружението поттикнува реформи во доменот на правосудството.

Списание

Издава свое списание и по потреба разни други видови публикации.

Соработка

Соработка со други здруженија во земјава и странство.

Станете наш член

Последни Новости

11 дек 2020

Конференција „Онлајн судењата во време на пандемјата на КОВИД-19: легислативни и информатички пречки и предизвици“

Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, со поддршка на Американската амбасада во Република Северна Македонија и на Министерството за правда на РСМ и во соработка со CEELI Институтот од Прага и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, на 11 декември 2020 година одржа виртуелна конференција на тема „Онлајн судењата во време на пандемјата на КОВИД-19: легислативни и информатички пречки и предизвици“.

27 јул 2020

Здружението за кривично право и криминологија на Македонија дел од партнерите во проект посветен на Превенција на детско престапништво

Македонското пенолошко друштво, заедно со партнерски организации, меѓу кои и Здружението за кривично право и криминологија, доби Акциски грант од програмата Цивика Мобилитас.

15 јун 2020

Практични и етички упатства за употреба на судиите од социјалните медиуми: Да објавувате или не?

Одржана online работилница со поддршка на Американската амбасада во Скопје со следнава агенда

Македонска ревија за казнено право и криминологија

Најнови публикации

Изработката на оваа веб-страница е поддржана од:

Copyright © All rights reserved | By UNET